Range Rover Sport SVR Ultimate е комбинација на стил и моќност
Иако започнаа работите на новата генерација на Range Rover Sport, компанијата не го заборава актуелниот модел претставувајќи ја новата SVR Ultimate едиција
Креиран од страна на Land Rover Special Vehicle Operations, Range Rover Sport SVR Ultimate пристигнува со неколку визуелни унапредувања во комбинација со поголема моќност. Моделот е достапен во три различни бои вклучувајќи Gloss Maya сина, Gloss Marl сива и Satin Ligurian црна боја. Првите две бои се ексклузивни за Ultimate едицијата и се одликуваат со „спектакуларна технологија на стаклени снегулки за интензивен ѕвезден сјај“.
Без оглед на тоа која боја ќе биде избрана, сите Range Rover Sport SVR Ultimate модели ќе имаат контрастен Narvik црн покрив како и црни преплетени „Range Rover“ букви кои порабени со Fuji бела боја. Оваа боја може да се најде и на отворите за воздух на предните крила.
Меѓу останатите карактеристики тука е и карбонската хауба и Narvik црните акценти на решетката, ретровизорите и задниот дел. Моделот е поставен на 22-инчни тркала од лесна легура зад кои се наоѓа и високоперформансниот сопирачки систем со црни шапи.
Уникатниот стајлинг продолжува и во кабината, каде што SV Bespoke тимот инсталираше специјални беџови на B-столбовите, црни лопатки за менување брзини од анодизиран метал и осветлени Ultimate Edition плочки на праговите. Купувачите ќе имаат избор кога станува збор за опциите за тапацирот, но компанијата препорачува Ebony и Cirrus ентериер кој ги има SVR перформансните седишта во Windsor кожа и антилоп.
Под хаубата се наоѓа препознатливиот 5,0-литарски V8 мотор кој му овозможува на моделот да биде „најбрзиот, најмоќниот и најдинамичниот Land Rover некогаш произведен“. Благодарение на своите 575 КС и 700 Nm максимален вртежен момент, Range Rover Sport SVR се „катапултира“ од нула до „стотка“ за 4,5 секунди и достигнува максимална брзина од 283 километри на час.
Range Rover Sport SVR Ultimate Edition ќе дебитира на Salon Prive следниот месец, но моделот е веќе достапен за нарачка и чини 123.900 фунти во Велика Британија.