Range Rover SV носи повисоко ниво на луксуз кај новиот SUV
По премиерата на новиот Range Rover, компанијата Land Rover ја претстави и специјалната SV варијанта која со себе носи цела низа на карактеристики за дополнителна персонализација
Land Rover го претстави редизајнираниот Range Rover претходно оваа година, а компанијата сега ги покажа екстензивните елементи за персонализација кои се достапни за луксузната SV варијанта од Special Vehicle Operations дивизијата.
Според проценките на компанијата, Range Rover SV ќе може да се добие во повеќе од 1,6 милиони различни конфигурации, а моделот ќе се разликува благодарение на уникатниот преден браник, решетка со пет шипки и пет хоризонтални шипки кои се наоѓаат во долниот отвор за воздух. Ова е само почетокот, бидејќи моделот е првото SVO возило со керамички кружни дискови, но керамичките делови ќе се најдат и во внатрешноста, конкретно на менувачот за брзини, аудио контролите и Terrain Response инструментите. Производствениот процес, за кој се потребни 10 недели за да се комплетира, вклучува прецизно сечење, дијамантско полирање и пескарење. Land Rover исто така ќе го понуди Range Rover SV со финиши обложени со керамика.
Друг материјал кој ќе го краси овој SUV се неговите дрвени фурнири и опционалниот интарзивен мозаик, уметност за користење на парчиња фурнир за создавање на украсни модели и дизајни. Land Rover нуди надградена опција за дизајн и кај стандардната и кај верзиите со долго меѓуоскино растојание. Процесот вклучува стотици рачно поставени дрвени парчиња ласерски исечени, некои мали до 6 на 8 милиметри, а интарзијата кај SV верзијата со продолжено меѓуоскино растојание се протега од предниот дел на кабината, па се до задниот дел.
Детали кои придонесуваат со поголемо луксузно чувство
Range Rover SV ќе се нуди сo Atlas Silver или Anthracite обложување за металните акценти на решетката, задната врата и задните браници. Клиентите исто така можат да нарачаат асортиман на различни тркала со Bright Atlas Satin Silver, Narvik Black Glos или Corinthian Satin инсерти.
Кога станува збор за боите, постојат голем број на опции со оглед на тоа дека на стандардните финиши на Range Rover им се додадени уште 14 нијанси од SV Bespoke Premium палетата. Ако и покрај тоа не можете да го најдете тоа што го барата, компанијата нуди SV Bespoke Match to Sample услуга која може да ја „реплицира било која боја на екстериерот која клиентот ќе ја побара“. Купувачите исто така можат да изберат Navik Black или Corinthian Bronze контрастен покрив.
Range Rover SV пристигнува стандардно со седишта од полуанилинска кожа кои имаат уникатна форма, како и посебен вез. Сепак, клиентите ќе имаат многу други опции. Во случај да не сакате кожа, моделот може да биде опремен со Light Cloud и Cinder Grey Ultrafabrics материјал. Land Rover вели дека полиретанскиот материјал има „техничка естетика“ како и „тактилни квалитети на кожа“.
Ова се само дел од оние 1,6 милиони комбинации кои ги нуди компанијата, а големиот избор може да биде и проблем за купувачите и нивната конечна одлука. Поради тоа, Land Rover нуди и претходно подготвеи SV Serenity и SV Interpid дизајнерски теми.