fbpx

Red Dot 2018: Нов троен триумф за Kia

Kia со освојувањето на три престижни признанија Red Dot повторно го потврди својот врвен приод кон дизајнот на своите возила

Спортската изведба Stinger, кросоверот Stonic и третата генерација на Picanto, се наградени со ова признание во своите категории.

Трикратната победа во 2018 е продолжение на успешната низа на триумфи на овој бренд во овој реномиран избор, започната од 2009 година. Прв модел кој се закити со ова вредно признание беше моделот Soul, а во својата колекција Корејците имаат 21 награда Red Dot. Вредно е да се напомене дека Kia имаше троен триумф и во изборот на iF Design.

Red Dot

– Нашиот глобален дизајнерски тим може да биде посебно горд на овие три најнови признанија. Тие едноставно ја потврдуваат дизајнерската брилијантност и иновативност, преполна со страсти, на која едноставно и најеминентните експерти не можат да останат рамнодушни, истакна Питер Шрејер, претседател и главен дизајнер во корпорацијата Kia Motors.

– Освојувањето на овие признанија, особено она на Kia Stinger во категоријата „најдобар меѓу најдобрите“ ги потврдува вредностите дополнително, слободата на изразување и умешниоста на тимот.
Red Dot

Конкурсот Red Dot Awards, кој од 1955 година се одржува под дизајнерскиот центар Ren-Vestfalija, важи како еден од најпрестижните на светот. Жирито го сочинуваат 40 независни стручњаци, дизајнери, професори, новинари… Наградите се доделуваат во три категории: дизајн на производи, комуникациски дизајн и концептен дизајн, а се оценуваат според неколку критериуми, како што се иновации, квалитет, функционалност и еколошка прифатливост. За признанијата за 2018 година конкурираа компании од 59 земји, кои пријавија повеќе од 6.300 производи. Централната свеченост и доделувањето на наградите е закажано за 9 јули 2018, во германскиот Есен.

Поврзани вести

Back to top button