Регулаторна одлучи повторно да ги поскапи горивата

Регулаторната комисија за Енергетика се одлучи за ново поскапување на нафтените деривати, а новите цени стануваат на сила на полноќ

РКЕ се одлучи за ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати и тоа за 1,53 проценти во однос на цените кои важеа минатата недела. Според новата одлука на Регулаторна комисија за енергетика, цената на бензинот Еуросупер БС-98 ќе се зголеми за половина денар, додека Еуросупер БС-95 и Еуродизел поскапуваат за еден денар за литар гориво.

Според методологијата за пресметување на цените, од следнава недела Еуросупер БС-98 ќе се точи за 63,50 денари по литар гориво, Еуросупер БС-95 ќе чини 61,50 денари, додека Еуродизел ќе се продава по 53,50 денари за секој литар наточено гориво.

Од Регулаторна комисија истакнуваат дека причината за поскапувањето е фактот што референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар бележат зголемување за 3,81% кај бензините, односно кај дизелот 3,84%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,507%.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close