Регулаторната комисија одново ги поскапува горивата

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја

Според најновата одлука која денес ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,64 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела, со што се продолжува трендот за поскапувања на нафтените деривати во земјава.

Регулаторна одлучи од ноќеска на полноќ цената на бензинот Еуросупер БС-95 да се зголеми за 1 денар по литар гориво, додека Еуросупер БС-98 поскапува за половина денар, во однос на цените од претходната недела. Од друга страна, Еуродизелот ќе поскапи за 1,5 денари по литар наточено гориво.

Ова значи дека во следните недела дена Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 63,50 денари, Еуросупер ќе се продава по 65 денари, додека за Еуродизел ќе треба да се издвојат 54,50 денари по литар гориво.

Од Регулаторната комисија истакнуваат дека Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 3,874%, а кај дизелот за 5,606.

Поврзани вести

Back to top button