Елфин Еванс со историска победa во Британија
Елфин Еванс триумфираше за првпат во Светскиот рели шампионат и стана првиот Британец кој победил на домашна почва, по Ричард Барнс во 2000 година
Себастијан Ожие успеа да обезбеди петта последователна светска титула во шампионатот и тоа со нов конструктор – M-Sport (Ford Fiesta).
Елфин Еванс ја презеде лидерската позиција уште по првиот ден и малку по малку во континуитет генерираше предност, која на крајот изнесуваше 37.3 секунди во однос на второпласираниот Тиери Невил и дополнителни 7.9 секунди во однос на Себастијан Ожие. Невил освои пет бонус поени од последната фаза со Hyundai i20, Крис Мик – четири со Citroën C3, Латвала со Toyota – три, а со две и еден поен си заминаа Себастијан Ожие и Андреас Микелсен.
Французинот заврши на третата позиција, а неговиот главен противкандидат за трофејот Тиери Нојвил беше втор, но поените од последната специјална фаза се покажаа решавачки за пласманот. Титулата за Ожие доаѓа во претпоследната рунда во шампионатот. Неговиот тим исто така ја освои титулата за конструктори, за прв пат од 2007 година.