fbpx

Петта победа по ред на Ожие во Монте Карло

Себастијан Ожие (Ford) ја започна сезоната во Светскиот шампионат во рели 2018 (WRC) на најдобар можен начин со петтата последователна победа во Монте Карло

Французинот успеа да триумфира на првата рунда од годинашниов шампионат, иако во самиот почеток направи грешка која можеше скапо да го чини. Но, потоа ги потврди своите високи вредности во следните тркачки фази и постојано ја зголемуваше предноста пред поранешниот тимски колега Од Танак (Toyota). Откако падна во ендек на првиот ден имаше мало задоцнување, но вториот, тој беше на чело со половина минута пред Танак.

Во последната супер-специјална етапа, Oжие освои и бонус поени, кога и се пожали дека неговите гуми не се погодни за снежна подлога, па затоа имал на моменти и проблеми со автомобилот, но сепак е среќен за новиот триумф. Од последната етапа Танак не доби поени, а бонусот од пет бода отиде кај Крис Мик (Citroen).

Последното место на подиумот на релито Монте Карло го зазеде друг возач на Toyota, Финецот Јари-Мати Латвала. Заедно со сонародник, Есапека Лапи, беа во тесна борба за тертата позиција на подиумот речиси до последен миг, додека Лапи не удри со автомобил во снежните наноси на подмрзнат свиок, а подоцна во претпоследната фаза не излезе од патот. На крајот заврши седми.

Крис Мик заврши на четвртото место со многу добро возење на последниот, во споредба со изминатите два дена. Добар во последните фази беше и возачот на Hyundai, Тери Невил, а како шести заврши Елфин Еванс со вториот Ford.

Натпреварувањето се покажа како кошмар за Hyundai, Дани Сордо претрпе несреќа во саботата, во моментот беше на третата позиција, а Андреас Микелсен се повлече поради проблеми со алтернаторот на автомобилот малку порано, повторно од третата позиција. Сепак, Микелсен со врати и успеа да земе три бонус поени од последната етапа. Во WRC2 со победи Јан Копецки со Škoda.

Поврзани вести

Back to top button