fbpx

Renault би можел да го замени Megane со електричен модел

Се погласни се шпекулациите дека Renault нема да лансира нова генерација на својот модел Megane

Renault Megane е еден од најпопуларните хечбек возила со оптимални квалитети, кој се одлукува со солиден квалитет на изработка, добра економичност и прифатлива цена. Меѓутоа, поради некоја причина, актуелната генерација не наидува на добар прием кај купувачите. Четвртата генерација во моментов е на средина од својот животен век, што значи дека во меѓувреме е стекнато богато наследство. Меѓутоа, продажбата носи помалку од половина од онаа од пред десет години.

Тука воопшто не станува збор за вина кај Renault, или пак дека францускиот производител не си ја знае работата. Clio, на пример, е меѓу најпродаваните модели во Европа, но сепак кросоверите и SUV моделите сурово го заземаат пиедесталот во автомобилската хиерархија со својот агресивен настап, додека во исто време главните конкуренти на Megane, Golf и Focus, котираат одлично.

Шефот на Renault, Лоренс ван ден Акер, изјави дека би можело да се случи Megane да не биде понатаму развиван, со што би се овозможило предвидениот буџет да се насочи кон електричните возила.

„Неминовно, штом почнеме да додаваме електрични модели во портфолиото, некои други возила ќе мораат да бидат укинати, бидејќи едноставно не можеме да си дозволиме во исто време да ги развиваме и понатаму. Megane е во сегмент кој е под се поголем притисок. Парите морате да ги вложите онаму каде што постои извесна пазарна иднина“, објаснува Ван ден Акер.

Францускиот претставник од C сегментот штотуку мина низ фаза на рестилизација, која би требало да трае до 2023 година.

Заедно со Nissan, Renault е еден од првите производители кои на масовниот пазар лансираа електрични возила. Меѓутоа, доколку не делува брзо, компанијата би можела да го загуби чекорот со Volkswagen, кој вложува огромни средства во MEB платформата.

Поврзани вести

Back to top button