Следниот Renault Captur ќе добие нови димензии и мотори
На интернет просторот се понудени првите детали за следната генерација на кросоверот на Renault, мошне успешниот Captur
Премиерата на моделот ќе се одржи во 2019 година, а продажбата може ќе започне и на стартот на 2020.
Со промената на генерациите, возилото, кое е изградено на платформата на петтата генерација Renault Clio, ќе се зголеми во димензии. Дизајнот на кросоверот ќе биде во стилот на Renault TreZor и Symbioz. Новата форма ќе придонесе за поголем простор во внатрешноста, во која ќе се користат поскапи и поквалитетни материјали. Исто така е планирано воведување на нов систем за информации и забава со зголемен екран на допир.
Renault Captur
Во агрегатската гама ќе биде понуден новиот 1.3- литарски бензински турбокомпресорски мотор, заеднички развиен од страна на Renault и Mercedes. Моторот беше претставен пред само неколку дена и ќе биде достапен во три варијанти на моќност 115, 140 и 160 КС. Само првите две опции ќе бидат достапни за новиот Captur. Кросоверот ќе биде достапен и со сегашните дизел изведби на моделот. Компанијата, исто така, планира хибридна модификација.