Следниот Renault Clio ќе има електрична верзија
Следната генерација на успешниот субкомпактен Clio веќе се развива во лабораториите на Renault, a со лансирањето на новото поколение во 2019 година, речиси е сигурно дека новиот Clio ќе има целосно електрична верзија, како и автономен систем за навигација на ниво 2
Најверојатно, Clio ќе има и хибриден модел, но досега ниту еден од шефовите на компанијата не коментираше за оваа опција. Се претпоставува дека хибридниот систем од Megane и Scenic – Hybrid Assist ќе биде префрлен во новиот Clio. Што ќе го направи првиот plug-in хибрид во оваа класа.
Renault Clio 2019
Renault сега нуди електричен модел кој е надградба на Clio, најпродаваниот на Стариот континент – Zoe, но сé уште не е јасно каква ќе биде неговата судбина. Некои тврдат дека ова издание ќе претрпе одредени модификации во димензиите и ќе скокне во друг сегмент, но останува да видиме. Во почетокот на октомври, од Renault објавиja дека компанијата планира да лансира 20 електрични и хибридни модели до 2022 година.