fbpx

Renault Clio добива три нови турбо верзии

Францускиот производител го искористи French Grand Prix за да ги претстави новите Clio Cup, Clio Rally и Clio RX

Базиран на линијата Clio RS, новите три тркачки модели на Clio доаѓаат со веќе познатиот дизајн, но се разликуваат по кровно монтираниот отвор и заштитниот кафез.

Моделите меѓусебно малку се разликуваат, но сите се опремени со неприлагодливата Bos суспензија и ограничениот лизгачки диференцијал. Тие исто така имаат надграден систем за ладење и FIA хомологирана горивна ќелија.

Што се однесува до погонските агрегати, моќноста доаѓа од 1,3 литарскиот четири-цилиндарски мотор со турбокомпресор, кој произведува помеѓу 168 коњски сили и 177 коњски сили, односно 280 Nm до 320 Nm вртежен момент. Без разлика на варијантата, сите модели се опремени со Sadev пет-степен секвенцијален пренос со Sachs спојка.

И покрај тоа што Clio Cup, Clio Rally и Clio RX имаат навистина многу заедничко, Renault тврди дека секој од нив претстаува вистински тркачки автомобил, специјално дизајниран да одговара на поставената задача. Така, понудени се три групи на тркала, вклучувајќи 15-инчни за земја, 16-инчни за асфалт и 17-инчни за Cup трки.

Повеќе детали ќе бидат објавени во иднина, но моделите се очекува да влезат во производство во октомври и да бидат подготвени за патеката во 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button