fbpx

Новиот Renault Clio исто така станува хибрид

Сегашната генерација на Renault Clio е на пазарот од 2012 година, а лансирањето на новиот модел се приближува

Според медиумите, ова ќе се случи во 2018 или 2109 година, а автомобилот ќе добие доста интересни технички иновации.

Шефот на европската поделба на Renault, Жан Кристоф Куглер, најави дека субкомпактот ќе добие и електрифицирана верзија, односно ќе стане хибрид. Сепак, врвниот менаџер не сакаше да специфицира кој мотор со внатрешно согорување ќе ја добие оваа верзија на Renault Clio. Меѓутоа, јасно е дека тоа нема да биде plug-in (PHEV), туку мек хибрид. При што дополнителниот електромотор ќе е вграден во менувачот. Речиси е сигурно дека шемата што ја користи Renault во новата генерација на Scenic ќе се повтори.

Renault Clio

Renault ClioОсвен тоа следното Clio ќе биде опремено со второ ниво на автономно управување, благодарение на тоа возилото ќе може да забрзува или да запира целосно самостојно. Моделот исто така ќе добие системи за поврзување, како и повисок квалитет на ентериер од серијата Megane. Повеќето од моторите во гамата ќе останат, но ќе бидат надградени. Ова сигурно важи и за 1,5-литарскиот дизел dCi кој се става и на моделите на Nissan и Dacia.

Поврзани вести

Back to top button