Renault Espace пристигнува со скромни дизајнерски промени
Renault го претстави освеженото издание на Espace, кој покрај скромните визуелни промени, добива нови технолошки и безбедносни карактеристики
Новиот Renault Espace, кој ќе се појави на европскиот пазар идната пролет, е подложен на суптилни дизајнерски измени кои вклучуваат нови адаптивни матрикс LED предни светла, задни светлосни единици со редизајниран LED потпис нови тркала, ажуриран заден браник и нова фасција за Initiale Paris варијантата.
Освежувањето на моделот е позабележливо во неговата внатрешност, каде централната конзола е ревидирана, со нов простор за складирање кој вклучува два држачи за чаши и две USB порти, додека инфозабавниот систем сега работи на најновиот интерфејс Easy Connect преку 9,3-инчен дисплеј со екран на допир, кој поддржува Apple CarPlay и Android Auto. Исто така нов е и прилагодливиот дисплеј со дигитален инструмент панел од 10,2 инчи кој има 3D навигациски екран.
На врвот на опсегот на новиот Espace, како и досега е Initiale Paris, кој овој пат добива две опции при избор на материјали, 10-насочни прилагодливи седишта и за возачот и за совозачот, кои исто така се загреваат и вентилираат, како и нудат функција за масажа. Новиот Renault Espace Initiale Paris исто така има ламинирани странични прозорци за најдобра можна акустична удобност. Сите верзии на моделот ќе бидат опремени со огромен стаклен покрив како стандард, а достапна ќе е и опцијата за избор меѓу пет или седум седишта.
Погонската листа вклучува три опции, започнувајќи со 1,8 литарскиот турбо бензински мотор, споделен со Alpine A110 и Megane R, кој кај Espace испорачува 158 КС и е исклучиво поврзан со седум-степен автоматски менувач со двојна спојка. Покрај тоа, Renault нуди два 2,0 литарски дизел единици, со 158 и 197 КС, поврзани со шест-степен автоматски менувач со двојна спојка.
Активниот безбедносен опсег сега вклучува автоматизиран систем за возење од Ниво 2 кој работи помеѓу 0 до 160 km/h, кој вклучува Stop & Go функција за возење на автопат, напреден паркинг асистент, активен систем за сопирање и др.