fbpx

Renault Espace станува SUV, ќе дебитира оваа пролет

Renault со тизери го најави новиот Espace кој ќе биде SUV „дизајниран за долги патувања“, со пет или седум седишта

Renault Espace, францускиот пионер во сегментот на минивани од 1983 година, ќе добие целосно нов модел од шестата генерација кој ќе дебитира оваа пролет. Новиот Espace ќе се одвои од своите претходници во однос на каросеријата, преобразувајќи се во SUV кој најверојатно ќе биде заснован на новиот Austral.

Француската компанија го објави првиот тизер од 2023 Espace кој покажува дел од неговиот заден дел со LED задни светла слични како оние на Austra. Од Renault изјавија дека новиот Espace е SUV дизајниран за долги патувања, со пет или седум седишта. Производителот на автомобили го опиша новиот модел како „удобен, иновативен и врвен во гамата“ по стапките на претходните генерации.

Новиот Renault Espace ќе се заснова на архитектурата CMF-CD која исто така беше основа на претходната генерација. Истата платформа се користи во Renault Austral, Nissan X-Trail и Mitsubishi Outlander. Претпоставуваме дека опциите на моторот ќе бидат пренесени од Austral, вклучувајќи благи хибридни и целосно хибридни поставки, додека plug-in хибрид исто така би можел да се приклучи на гамата подоцна бидејќи хардверот веќе постои.

Моделот ќе изгледа многу слично на Renault Austral, но ќе има продолжено меѓуоскино растојание и задно надвиснување што резултира со попространа кабина. За разлика од Austral кој е достапен само во распоред со пет седишта, Espace ќе доаѓа и во варијанта со седум седишта што ќе додаде практичност. Новиот модел најверојатно ќе служи како замена и за петтата генерација на Espace (2015-2022) и за втората генерација на Koleos (2016-2022).

Renault ќе ја прослави 40-годишнината од ознаката Eѕpace во ноември 2023 година. Ова звучи како одличен изговор да ги собере сите генерации на Eѕpace. Спротивно на претходните извештаи, францускиот производител на автомобили реши да ги користи и имињата Scenic и Espace во својата идна постава, одржувајќи го духот на иконските моноволумени во нивните SUV замени.

Поврзани вести

Back to top button