fbpx

Renault го најави својот најнов SUV наречен Austral

Француската компанија Renault го најави својот најнов SUV модел во поставата кој ќе го понесе името Austral

Renault ги објави првите тизери и детали кои го откриваат името на нивниот нов SUV. Станува збор за моделот Austral, престојниот модел од C-SUV класата кој ќе биде директен наследник на Renault Kadjar и ќе се појави на пазарот во 2022 година.

Новото име е регистрирано од страна на француската компанија уште во 2005 година. Изведен од латинскиот збор „australis“, Austral има силен одек во голем број европски јазици, вклучително и францускиот, што е исклучително важно за Renault како бренд кој е горд на своите корени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renault UK (@renaultuk)

„Austral ги спојува и рефлектира живоста и топлината на јужната хемисфера. Тоа е име кое повикува на патување и е совршено за еден SUV модел. Неговата хармонична рамнотежа на звуци го пават едноставен за изговор и му дава вистински меѓународен призвук“, изјави Силвија Дос Сантос, водителката на стратегијата за осмислување на имињата на моделите во одделението за глобален маркетинг на Renault.

Продажбата започнува на пролет

Во тизер видеото кое го објави Renault е прикажан задниот дел на Austral прикажувајќи ги LED задните светла кои се слични како кај помалиот Captur. Austral ќе ја задржи традиционалната SUV силуета, а според информациите, ќе добие и масивен инфозабавен екран, сличен на оној кој се користи кај целосно електричниот Megane E-Tech. Renault потврди дека Austral ќе пристигне во конфигурација со пет седишта и со должина од 4,51 метри, со што е за нијанса подолг од Kadjar кој има должина од 4,45 метри.

Новиот Renault Austral се очекува да споделува голем дел од подвозјето со актуелните Nissan Qashqai и Nissan Rogue, со тоа што моделот на француската компанија најверојатно ќе нуди поголем капацитет на багажникот, но нема да има конфигурација со седум седишта. Исто така се очекува да понуди и опсег на електрифицирани мотори, вклучително и plug-in хибридна варијанта.

Renault Austral ќе се појави во продажба на пролет 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button