fbpx

Renault го откри кокпитот на Austral со официјален цртеж

Француската марка Renault објави цртеж од ентериерот на новиот SUV Austral кој ќе биде наследник на досегашниот Kadjar

Новиот Renault Austral треба да дебитира во текот на оваа година, а во пресрет на премиерата, француската марка објави официјален цртеж како тизер најава за ентериерот на наследникот на Kadjar. Austral се очекува да пристигне со електрифицирана моторна постава во која ќе има благи-хибриднди и хибридни погони.

Кога станува збор за кабината, како што може и да се очекува, Austral ги следи стапките на неодамна претставениот Megane E-Tech, барем кога станува збор за поставеноста на екраните во ентериерот. Пред возачот ќе се најде дигитален инструмент кластер и голем OpenR инфозабавен екран на допир поставен вертикално. Според Renault, станува збор за еден од најголемите екрански панели на пазарот, со вкупна површина на двата екрани од 24,3 инчи. Системот работи на Google Automotive Services, поддржува Android Auto и Apple CarPlay конективност и во себе инкорпорира Google Maps. Производителот тврди дека 90 проценти од карактеристиките кои повеќето корисници ги користат на дневно ниво се на само еден или два допири оддалеченост.

Модерен дизајн

Покрај екранот, може да се забележи и управувачот со рамен врв и дно, што делува доста футуристички. Тука се и тенките отвори за воздух, црвените акценти, амбиенталното осветлување и високо поставениот централен тунел. Севкупно, дизајнот делува значително помодерно во однос на досегашниот Kadjar, а исто така се очекува и унапредување во финишот. Austral има модуларна кабина со пет седишта, со поголем број простори за складирање кои собираат повеќе од 30 литри. Тука е вклучен и лизгачкиот потпирач за рака и двe прегради за складирање во централната конзола.

Целта на дизајнерот е да се направи патниците да се чувствуваат безбедно во кабината на Austral. Дизајнерскиот тим исто така додаде палуби од флексибилна ткаенина на покривот и столбот на предното стакло, како и поудобни и ергономски седишта што им олеснува на патниците да комуницираат едни со други. Благодарение на елиминацијата на трансмисискиот тунел, патниците на задната клупа имаат поголем простор, при што задната клупа се лизга и преклопува.

Renault Austral е базиран на CMF-CD3 платформата и ќе има должина од 4,51 метри. Ќе се нуди исклучиво со електрифициран бензински погон кој ќе испорачува до 200 КС.

Поврзани вести

Back to top button