fbpx

Renault го претстави Twingo Z.E. пред премиерата во Женева

Renault одлучи да го претстави целосно електричниот Twingo Z.E. кој својата премиера за јавноста ќе ја доживее на Саемот во Женева

Со Twingo Z.E., култниот мал градски автомобил на Renalut сега има целосно електричен мотор кој нуди поголемо задоволство при возењето и комфор во секојдневниот живот, велат од француската компанија. Со својот изглед и персоналност, овој забавен и лесен автомобил го достигнува својот целосен потенцијал во градската џунгла. Twingo со својот целосно електричниот погон е подготвен да завладее во градовите.

Во Renault го применија трикот како и во Volkswagen групацијата, па така дел од своите популарни градски автомобили кои доаѓаат со конвенционални мотори со внатрешно согорување го заменија со електромотори, а резултатот е Twingo Z.E.

Twingo Z.E. го зема забавниот дизајн, атрактивниот изглед и можностите за прилагодување на Twingo и ги збогатува со карактеристики кои го истакнуваат неговиот електричен карактер. Renault тука го искористи своето широко познавање за сегментот на мали градски автомобили, со цел да развие електричен автомобил чија способност за управување, опсегот и опциите се совршени прилагодени на потребите на градските возачи. Направен на платформа дизајнирана за електрични автомобили, Twingo Z.E. нуди перформанси и задоволство што ги зголемуваат факторите кои веќе го направија Twingo да биде голем успех.

Twingo Z.E.

Twingo Z.E. со автономија од 250 километри

Renault и во случајот со целосно електричниот Twingo го задржа концептот за погон на задните тркала, а конвенционалниот мотор над задната осовина му отстапи место на електромоторот кој располага со нешто повеќе од 80 КС и 160 Nm, што е доволно за Twingo без емисии на штетни гасови да достигне до 135 километри на час.

Многу поважно од самите перформанси во овој момент е автономијата која ја обезбедуваат батериите, а во Renault велат дека нивниот капацитет од 22 kWh е доволен за да се поминат 250 километри, односно 180 километри според мерењата кои вклучуваа и возење на патишта надвор од градовите и автопат.

За полнење на батеријата преку обичен домашен приклучок потребни се повеќе од 13 часа, а за нетрпеливите тука е Wallbox опција со која времето на полнење изнесува четири часа.

Поврзани вести

Back to top button