fbpx

Renault го продаде AvtoVAZ, Русите го оживуваат култниот Москвич

По одлуката да запре со производството на возила во Русија во март годинава, Renault продаде 100 проценти од своите акции во Renault Russia и целиот свој удел во AvtoVAZ

Управниот одбор на Renault Групацијата едногалсно го одобри потпишувањето на договорот за продажба на 100 проценти од своите акции во Renault Russia на градот Москва, како и удел од 67,69 проценти во AvtoVAZ на институтот NAMI (Централен институт за истражување и развој на автомобили и мотори).

„Донесовме тешка, но неопходна одлука со која настојуваме одговорно да постапиме кон своите вработени кои во Русија ги има 45.000, за да го сочуваме ефикасното работење на Групацијата и да се осигураме дека во иднина ќе се вратиме на рускиот пазар во поинаков контекст. Верувам дека Renault Групацијата е способна дополнително да ја забрза својата трансформација и ќе ги надмине среднорочните цели“, изјави Лука Де Мео, извршниот директор на Renault Групацијата.

Договорот со Москва и со институтот NAMI не подлежи на никакви услови, а сите неопходни одобрувања се веќе обезбедени. Ова значи дека договорот стапува на сила веднаш и Renault повеќе нема никакви бизнис операциии во Русија. Инаку, договорот и овозможува на Групацијата во одреден период во следните шест години да го откупи назад својот удел во AvtoVAZ.

Русите имаат планови за фабриката во Москва

Сега веќе поранешната фабрика на Renault во Москва ќе биде управувана од градските власти, а веќе постојат соопштенија за воскреснување на култен бренд од времето на СССР. Moscow Times пренесе изјава од градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин, кој најави дека сака да го врати во живот Moskvich, култната марка која згасна во 2006 година поради банкрот. Kamaz, рускиот производител на камиони, ќе стане технолошки партнер на Moskvich.

„Автомобилската фабрика во Волгоградски Проспект има долга и славна историја. Пред речиси 100 години таму започна производството на Ford автомобилите. Со децении, легендарниот домашен Moskvich беше произведуван тука. Од 1998 година фабриката соработуваше со Renault, a тука се произведуваа Dacia Logan, Duster и Sandero. Во 2022 ќе свртиме нова страница во историјата на Moskvich“.

Според плановите на Москва, Moskvich начелно ќе започне со склопување на автомобили со мотори на внатрешно согорување, а во иднина може да се пренасочи кон електрични возила.

Поврзани вести

Back to top button