fbpx

Renault или Dacia: Името е Arkana!

Renault го откри името на новиот кросовер, чија презентација ќе се одржи на 29 август во Москва

Автомобилот, кој ќе биде прикажан на московскиот автосалонот ќе се вика Arkana, што во превод значи „тајна” и има за цел да го наметне нов мистериозен иновативен стил. Продажбата на Renault Arkana ќе започне следната година и моделот ќе заземе посебно место во гамата на брендот. Renault Arkana ќе претставува нешто како кросовер -CUV, а ќе се прави на платформата Global Access. Всушност, автомобилот ќе претставува нешто како купе верзија на Captur, но ќе биде поголем и стилски поекспресивен. Првично моделот ќе се продава во Русија, Кина, Бразил и Јужна Кореја. Нема информации дали ќе се продава во Европа и дали нема да е под брендот Dacia?

Сомнежите доаѓаат од фактот дека во Русија и на некои други пазари, сите модели на Dacia се продаваат под брендот Renault, а врз платформата B0 се изградени сите сегашни модели на романската марка.

Поврзани вести

Back to top button