Париз 2018: Renault K-ZE, целосно нов глобален и достапен електричен автомобил (видео)
Во пресрет на меѓународниот саем во Париз, Renault откри детали за целосно новиот глобален електромобил компанијата, кој ќе се вика K-ZE
Француската компанија вели дека новиот електричен модел ќе биде достапен по пристапна цена и неговото лансирање на пазарот ќе започне во Кина следната година. Од Renault споделија дека стратегијата за електрификација на портфолиото на Renault ќе продолжи. Со тоа што Clio, Megane и Captur ќе добијат хибридни и plug-in хибридни верзии.
Renault K-ZE ќе биде целосно електричен компактен SUV кој за прв пат ќе биде претставен на јавноста.
Електричниот автомобил ветува автономија од 250 km (NEDC cycling cycle), што е најдобро достигнување во сегментот. Заедно со целосно електричниот погонски систем, Renault K-ZE ќе биде опремен и со познати системи за зголемување на безбедноста, како паркинг сензори, задна камера, систем со мултимедија, навигација и интернет конекција, и друго.