fbpx

Renault Kangoo доби своја електрична E-Tech варијанта

Renault ја претстави новата генерација на Kangoo минатата година, а сега дојде редот и на целосно електричната варијанта

Францускиот производител Renault продолжува да ја проширува својата понуда на електрични возила, додавајќи ЕВ варијанта во опсегот на речиси секој свој модел. Renault Kangoo Van E-Tech Electric пристигнува со 300 километри опсег, а ќе биде достапен на европскиот пазар почнувајќи од пролет следната година, заедно со дизел и бензинската варијанта.

Renault продаде околу 70.000 електрични Kangoo комбиња во Европа од 2011 година и цели кон уште поголема застапеност на новата генерација со оглед на тоа дека лесните комерцијални возила со нулта емисија на штетни гасови имаат се поголема популарност.

Renault Kangoo E-Tech

Кога станува збор за погонот, Renault Kangoo Van E-Tech Electric е опремен со електромотор кој испорачува 122 КС и 245 Nm вртежен момент. 45 kWh батерија нуди опсег од 300 километри според WLTP циклусот, што е повеќе од она што го нудат неговите ривали. Исто така, батеријата е поставена во подот на возилото, така што не влијае на багажниот капацитет.

Renault нуди три типови на полначи – стандардниот 11 kW за домашни услови, опционалниот 22 kW за јавни терминали и 80 kW брз полнач. Кога е вклучен во 11 kW ѕиден приклучок, на батеријата и се потребни 3 часа и 50 минути за да се наполни од 15 до 100 проценти, додека 80 kW полнач носи 170 километри опсег со само 30 минути полнење.

Renault Kangoo E-Tech

Исти способности како конвенционалните верзии

Kangoo E-Tech Electric пристигнува со шест возачки режими, вклучително и Eco кој ја намалува моќноста на возилото во корист на продолжување на опсегот. Возачот може да се избере меѓу три нивоа на регенеративно сопирање – Sailing, Drive и Brake, со тоа што последната опција го вади најдоброто од системот за адаптиво регенеративно сопирање, кој работи заедно со конвенционалното хидраулично сопирање.

Електричниот Kangoo ги има истите способности како и варијантите со конвенционален мотор, вклучително и 1,45 метри широките странични отвори, 3,9 кубни метри товарен простор, 600 килограми капацитет за товарење и 1.500 килограми влечен капацитет. Во блиска иднина, Renault ќе понуди и варијанта со продолжено меѓуоскино растојание од Kangoo E-Tech со 4,9 кубни метри карго простор и 800 килограми товарен капацитет.

Како дел од опционалната опрема за моделот е 8-инчен екран на допир за Renault Easy Link инфозабавата, 10-инчен дигитален инструмент кластер, греење на предното стакло, греење на предните седишта, греење на управувачот како и цела на низа на системи за асистенција вклучително и адаптивен темпомат со Start & Stop систем.

Renault Kangoo Van E-Tech Electric ќе се произведува во Франција заедно со остатокот од Kangoo опсегот и Mercedes-Benz Citan и Nissan Townstar моделите.

Поврзани вести

Back to top button