fbpx

Шангај 2019: Renault ќе го претстави новиот K-ZE

Со возен опсег од 250 километри, електричниот урбан кросовер ќе пристигне на кинескиот пазар до крајот на 2019 годинa

На престојниот саем во Шангај, како дел од својата електрификациска стратегија, францускиот бренд ќе го претстави својето најново електрично достигнување. Базиран на веќе претставениот Renault K-ZE концепт, електричниот кросовер претстаува шести електричен модел на брендот, а воедно и прв електричен Renault автомобил на кинескиот пазар.

Електричниот супермини со форма инспирирана од SUV за прв пат беше претставен на шоуто во Париз минатата година, кога производителот вети дека производната верзија на K-ZE на кинескиот пазар ќе се појави до крајот на 2019 година, пред да биде лансиран и на глобалниот пазар.

Урбаниот електричен K-ZE беше претставен со електричен возен опсег од 250 километри, што го прави одличен ривал на неодамна објавениот Honda e Prototype. Сепак, не е познато дали оваа бројка ќе остане непроменета кај производниот модел, кој би можел да доаѓа со опсег од 200 километри. Како и повеќето електрични автомобили, така и францускиот кросовер е опремен со двоен систем за полнење, компатибилен со домашните 240 волтни приклучоци, како и јавните брзи полначи.

K-ZE

Во однос на стилскиот дизајн, слободно може да речеме дека новиот електричен Renault изгледа како електрифицирана верзија на Dacia Sandero Stepway. Во предниот дел доминира решетката во V-облик, како и LED дневните светла. Сличноста со Sandero доаѓа до израз во страничниот дел на моделот, особено поради крутиот црн пластичен дел поставен над самите прагови.

Дизајниран за потребите на кинеските купувачи, производниот K-ZE ќе биде опремен со паркинг сензори, рикверц камера, централен инфозабавен екран и вграден уред за сателитска навигација. Сепак, додека овие карактеристики се вообичаени кај возилата на европскиот пазар, во Кина тие дефинитивно ќе го пласираат овој модел над повеќето електрични модели наменети само за кинескиот пазар.

Новиот Renault K-ZE ќе биде произведен во Кина од страна на компанијата e-GT New Energy Automotive, која е формирана по заедничко вложување од страна на Renault алијансата со Dongfeng, кинеска компанија за автомобили.

Поврзани вести

Back to top button