Пет ѕвездички од EuroNCAP за новиот Renault Koleos
Кросоверот на Renault, моделот Koleos од втората генерација, доби пет свезди на тестовите на EuroNCAP
Моделот беше тестиран согласно новиот 2016 EuroNCAP тест-протокол. Новиот Koleos се издвои со резултат од 90% за заштита на возрасни, 79% за деца, 63% за пешаци и 75% за помошни системи.
Новиот Koleos се потпира на богатото искуство на Renault во областа на пасивна безбедност и со право се очекуваа одлични резултати на независните тестови на EuroNCAP. Една од најважните работи при надградбата на кросоверот секако е употребата на челик со многу висока еластичност за рамката на моторот и висококвалитетен челик за патничката ќелија, за заштита на каросеријата во случај на силен удар. Во листата на стандардната опрема за безбедност се: две адаптивни предни воздушни перничиња кои се во согласност со типот на ударот и позицијата на патникот во возилото; две странични воздушни перничиња за градите / рамениците на патниците; две воздушни завеси; предни и задни потпирачи за глава со функција за превенција на грчеви; предните седишта кои го спречуваат телото да се лизне под безбедносните ремени; задно детско седиште ISOFIX и големи детски потпирачи. Сите безбедносни ремени се опремени со ограничувачи на оптоварување.
Кога станува збор за активна безбедност, во палетата од стандардната опрема на новиот Koleos се: контрола на пролизгување, последна генерација електронска контрола на стабилноста (ESC), електронска распределба на силата на сопирање и асист-состав за поаѓање на нагорнина, како и помош за управување (ADAS).