fbpx

Renault Megane RS Trophy-R со нов рекорден круг на Нирбургринг

„Кралот“ на Нирбургринг се врати и покажува зошто Renault Megane RS Trophy-R во категоријата на автомобили со преден погон и понатаму го држи рекордот на славната патека

Со време од 7 минути и 40 секунди, Renault Megane RS Trophy-R постави нов рекорд во конкуренција на автомобили со пгон на предните тркала. Овој „хот хеч“ кој е фокусиран на тркачката патека, ги обединува технологиите од суперавтомобилите во хечбек пакет, што резултира со сериозна перформантна машина.

Honda Civic Type-R речиси две години го држеше кружниот рекорд на патеката Nürburgring Nordschleife, но во одделот на Renault Sport минатата година одлучија дека е време да се вратат во популарниот „Зелен пекол“ и титулата во категорија на продукциски автомобил со преден погон повторно да ја однесат во Франција. За оваа мисија, Renault го искористи најперформантното издание на Megane RS од актуелната генерација, а овој „хот хеч“ со додатокот Trophy-R имаше за четири секунди подобро време од Honda Civic Type-R.

Renault Megane RS Trophy-R се напојува со 1,8-литарски четирицилиндричен турбобензински мотор чии 300 КС и 400 Nm максимален вртежен момент, а благодарение на многубројните карбонски елементи во овој случај има само 1.306 килограми, што е 130 килограми помалку во однос на Megane RS Trophy. Преносот на предната осовина на која и асистира механички ограничена блокада на диференцијалот се извршува со посредство на рачен шестстепен менувач, а цената на оваа специјална едиција на Renault, ограничена на само 500 примероци, без опционите додатоци, изнесува околу 55.000 евра, додека со сите додатоци и комплетната опрема цената достигнува до 70.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button