fbpx

Renault објави цртеж кој го открива стајлингот на Austral

Долгата тизер игра за целосно новиот Austral се наближува кон својот крај, а во пресрет на премиерата, Renault објави нов цртеж од својот SUV

Renault веќе потврди дека премиерата на новиот Austral ќе се одржи на 8 март, но француската компанија очигледно сака да покаже уште малку од дизајнот на новиот SUV со уште еден, веројатно последен тизер. Затоа, Renault го објави првиот цртеж од екстериерот досега, откако претходно го покажа камуфлираниот прототип, цртеж од ентериерот и тизер фотографии од кабината.

Дизајнерскиот цртеж ни дава увид во изгледот на новиот Austral без камуфлажа, но сепак во графичка форма. Renault објаснува дека новиот SUV има мошне модерен изглед со мускулеста силуета и големи сводови над тркалата. Новите дизајнерски карактеристики го опишуваат моделот како типичен SUV, вклучително заштитата од странични удари, високата постава и оф-роуд инспирираниот дифузер на предната страна.

Renault adds hybrid powertrains to new Austral compact SUV | Automotive News EuropeRenault shows new SUV Austral - TechzleRenault Austral Reveals the new name of the SUV | AutoSpias

Цртежот, како што е и вообичаено, има нагласени пропорции и се одликува со масивни тркала и поаеродинамична форма, но ни дава идеа за стајлингот на продукцискиот модел. Предниот дел е очигледно инспириран од целосно електричниот Megane E-Tech, иако присуството на мотор на внатрешно согорување под хаубата резултира и со нешто поголема предна решетка.

LED фаровите имаат екстензии кон осветлената решетка, додека големите отвори за воздух на браникот, извајаната хауба и останатите елементи го инкорпорираат најновиот дизајнерски јазик на Renault наречен Sensual Tech. Посебна одлика на Austral e присуството на предна и задна заштитна плоча за подвозјето што ја нагласува неговата SUV природа.

„Го дизајниравме екстериерот на целосно новиот Austral базирано на новиот Sensual Tech јазик на Renault брендот. Резултатот е комбинација на великодушни форми, заоблени рамена, проектирани страни и суптилни технички детали како што се високо технолошките светла кои го засилуваат неговиот карактеристичен дизајн“, изјави Агнета Далгрен, директорот за проектен дизајн на Renault.

Austral пристигнува како замена за Kadjar и ќе ја споделува платформата со новиот Nissan Qashqai, што значи дека францускиот SUV нема да биде достапен со дизел мотор.

Поврзани вести

Back to top button