fbpx

Renault го обнови Twingo

Renault објави информации за обновената верзија на целосно новата генерација на легендарното Twingo и исто така потенцираше дека компактниот автомобил стана уште попривлечен и свеж, со нови можности за персонализација, со модерен инфо-комуникациски систем и три бензински верзии.

Со погонски агрегат поставен позади, компактна должина и најдобрата можностза маневрирање во класата, новото Twingo е одлично решение за секојдневна градска мобилност. Во исто време возачот и патниците можат да се потпрат на удобен ентериер со стилски изглед и свежи бои, поврзување со околниот свет со помош на системот Renault Easy Connect, како и на голем број системи за зголемување на безбедноста вклучувајќи системи за асистирање.

Twingo

Обновениот Twingo доаѓа со скоро целосно изменет дизајн на предниот дел, вклучувајќи нови светлосни блокови, нов заден браник, нови екстериерни бои, специјални пакети на боја за персонализација и друго, а во внатрешноста главен акцент е новата средна конзола со дополнителни прегради, 2 USB порти, нова касета за ракавици и многу повеќе.

Во однос на погонот, Renault Twingo доаѓа во верзии SCe 75, TCe 95 и TCe 95 со роботизиран EDC менувач, а сите верзии стандардно се опремени со систем за заштеда на гориво Stop & Start.

 

Поврзани вести

Back to top button