fbpx

Renault подготвува нов електричен кросовер за 2021

Renault подготвува нов компактен целосно електричен кросовер планиран за европскиот пазар, а се очекува да се појави идната година

Електричниот кросовер на Renault своето место во поставеноста ќе го најде над популарниот модел Zoe во понудата на електрични возила на француската компанија и ќе пристигне со поголема автономија на движење. Новиот модел ќе биде поставен на CMF/EV платформата на Renault која оваа компанија ја искористи и за концептот Morphoz, а кој требаше да дебитира на Меѓународниот Салон за автомобили во Женева во март, настан кој беше откажан поради пандемијата на коронавирусот. Новиот електричен кросовер на Renault ќе биде наменет за европскиот пазар.

Технички податоци за електричниот кросовер засега нема, освен дека се очекува да пристигне со домет од 600 километри. Станува збор за навистина голем домет за еден мал, практичен и компактен кросовер, особено поради фактот што помалиот Zoe може да помине 395 километри со едно полнење на батеријата која има капацитет од 55 kWh.

Според плановите, по пласирањето на европскиот пазар на малиот кросовер, Renault ќе го претстави и поголемиот модел кој ќе има слични димензии како моделот Kadjar, кој се очекува на пазарот во 2022 година. За овој модел нема премногу информации освен фактот дека ќе биде базиран на истата CMF/EV платформа.

Поврзани вести

Back to top button