fbpx

Renault покажа нови слики од Clio

Додека Renault се обидува да ја сокрие петтата генерација на Clio, на интернетот се појавија нови фабрички форографии од најновото остварување. Моделот треба официјано да биде претставен на саемот за автомобили во Женева.

Со оглед на тоа што конкуренциајта веќе ги обнови своите модели во B сегментот, обновувањето на Clio беше очекувано. Новитетот ќе ја користи CMF-B платформата, а како изненадување треба да се новите 1.0 и 1.3 турбо бензински агрегати, како и обновениот 1.5 дизелски мотор. По некои претходни информации, се очекува моделот да се појави само со верзија со пет врати.

Освен регуларната верзија, Clio ќе има и RS изведба, каде најверојатно ќе бидат вметнати 1.6 и 1.8 литарските агрегати, а не се исклучува и можноста за mild hybrid и plug-in hybrid варијанти.

Поврзани вести

Back to top button