fbpx

Renault ќе понуди уште помал кросовер

Субкомпактниот квази-кросовер Renault Kwid доби огромна популарност на индискиот пазар за кој е создаден

Моделот дури успеа да стигне и до Јужна Америка, каде што исто така забелеува добра продажба, па во Renault размислуваат да понудат нешто слично и на другите пазари. На клиентите кај оваа изведба им се допаѓаат малите димензии, пријатниот дизајн и SUV-елементите Kwid всушност е хечбек, но со поголем клиренс и се разбира атрактивната цена. Во Индија моделот се нуди за само 4.000 евра, додека во Јужна Америка е поскап, бидејки таму приходите на локалното население се повисоки.

KwidСето ова го натера раководството на Renault да размислува за соодветен модел и да понуди вистински кросовер базиран на Kwid. Неговата должина ќе биде 4.000 mm, кој ќе биде изграден на платформата CMF-A + и ќе се продава на многу повеќе пазари, вклучувајки ја и Европа.

Не е тајна автомобилот веќе се развива под кодното име HBC, што значи дека нејзиниот развој и производство е потврдено од раководството на Алијансата.

Kwid Во Европа, новиот кросовер ќе биде во понуда под подолгиот и поголем Captur (4.122 mm). Се очекува во агрегатската понуда да се најдат бензински мотор со волумен од 1.0 литар и 3 цилиндри, со моќ од 67 КС и 91 Nm вртежен момент. Кај Renault Kwid, овој мотор работи во комбинација со 5-брзински мануелен или роботизиран менувач.

Новиот кросовер на Французите ќе се појави на пазарот не порано од 2020 година, што најверојатно ќе овозможи во понудата да се најде систем со „мек” хибрид со стартер-генератор. Тоа ќе овозможи зголемена моќност и намалени емисии.

Поврзани вести

Back to top button