Renault го претстави новиот ZOE
Renault ги објави првите информации, слики и видео на новата верзија на 100% електричниот ZOE
За новиот ZOE од француската компанијата велат дека е помоќен од кога и да било, повеќе стилски и поудобен. Сериозни промени се нанесени и дизајнот на надворешноста и внатрешноста на електричниот модел, а новата верзија се одликува со подинамичерн дизајн, висококвалитни материјали и ергономски ентериер.
Новиот Renault ZOE во внатрешноста доаѓа со 10-инчен информативен екран, кој е достапен дури и при основната верзија на електричниот модел. Секој модел исто така е опремен со целосни светлосни сиситеми со диоди.
Во однос на погонот, новиот ZOE може да се потпре на километража од 390 километри (WLTP стандард на мерење), помоќен (136 коњски сили) електромотор, како и можност за брзо полнење (50 kW).
Автомобилот доаѓа со системот Renault EASY CONNECT која ги комбинира новиот мултимедијален систем Renault EASY LINK и апликацијата за мобилни телефони MY Renault што им овозможува на корисниците да имаат корист од дополнителните функционалности и услуги, како и на најновите информации за состојбата на возилото во реално време.