fbpx

Renault Group ја продолжува електричната офанзива во Кина

Renault објави дека компанијата има постигнато договор со кинеската JMCG што вклучува сериозна инвестиција од страна на францускиот автомобилски гигант во субвенционирање на електрични автомобили

Последниот модел на JMCG е еден од главните играчи на пазарот на електрични автомобили во земјата, која пак е глобален лидер во продажбата на електрични автомобили со пазарен удел од 50%. Од Renault коментираат дека од 2015 година JMCG оперира успешно на кинескиот пазар, за изминатата календарска година реализирале 38.000 единици, а следната се очекуваат да се достигне ниво од 50.000 продадени автомобили.

„Вложувањето со JMCG е целосно според стратегијата на Renault, а тоа е насочување кон солидна позиција и раст на исклучително потенцијален пазар на електрични автомобили“, коментира Франсоа Прово, регионален претседател на Renault. „Овој проект, исто така, совршено ги надополнува другите активности на групацијата во Кина“.

Renault

Од Renault како лидер на европскиот пазар за електрични автомобили велат дека очекуваат договорот со JMCG да биде финализиран следната година.

Поврзани вести

Back to top button