fbpx

Renault со втора концептна продавница за електрични автомобили

Откако во февруари оваа година Renault го отвори својот прв концепт продавница за електрични во Стокхолм, во Шведска, сега француската марка го прави истото и на територијата на Германија, во Берлин, со што продолжува да проширува својата мрежа градски концептни продавници

Од Renault велат дека продавницата во Берлин, кој е уникатна за територијата на Германија е објект што функционира на ист начин како овој во Стокхолм, кој пак од своја страна во моментот има евидентирани повеќе од 14.000 посетители, само за три месеци.

-Се повеќе и повеќе клиенти пројавуваат голем интерес за електричните автомобили, но сеуште знаат малку за нив, коментира Жил Норман, постар заменик претседател на единицата Electric Vehicles Business на компанијата.

Re

-Во улога на најуспешна електричен бренд во Европа во моментот, целта на Renault е да им излезе во пресрет на овие клиенти, да одговори на нивните прашања и да се им олесни околу одлуката да направат чекор кон електричниот живот.

Renault

Renault е лидер во светот на е-автомобили во Европа, кој го презеде водството во последните четири години. Во моментов брендот има реализација од над 170.000 пласирани електромобили, ZOE е најдобро продаваниот во Европа, а Kangoo Z.E. е лидер кај вановите.

Поврзани вести

Back to top button