fbpx

Renault започна со тестирање на прототипните е-камиони

Првиот модел на електричниот камион на Renault - D Wide Z.E. ќе се користи за отстранување на отпадот во околината на Лион, Франција

Моделот D Wide Z.E. претставува електричен камион на францускиот производител, кој пред речиси една година беше за прв пат претставен од страна на Renault Trucks. Прототипната верзија на овој камион започна со тестирање, каде тој ќе се користи за отстранување на отпадот во околината на Лион, Франција.

Електричниот D Wide Z.E. претставува 16-тонска варијанта специјално оптимизирана за транспорт на отпад, кој исто така е достапен и како електричен камион за дистрибуција. Според Renault, отстранувањето на отпадот е област на примена за која е особено погодна електрификацијата. Возилата за отстранување на отпадот се движат со постојано запирање и тргнување, со некаде помеѓу 300 до 800 станици по операција. Ова резултира со голема потрошувачка и зголемени емисии на прашина и честички поради брзото истрошување на материјалот од системот за кочење. Во електрични возила, кои главно го користат моторното, системот за кочење е подложен на помалку оптеретување.

D Wide Z.E.

26-тонскиот D Wide Z.E. е опремен со два електрични мотори со вкупна моќност од 370 kW и постојан излез од 260 kW, соодветно. Батерискиот пакет е со капацитет од 200 kWh и ќе се користи како уред за складирање на енергија, кој треба да овозможи вистински возен опсег до 200 km. Со директна струја, литиум-јонските батерии на електричниот камион можат да бидат целосно наполнети еден до два часа преку CCS приклучок со моќност на полнење од 150 kW.

Покрај Renault, кон ваквата електрификација се придружи и Volvo, кој уште во април 2018 година го воведе FL Electric, по кој следеше FE Electric за тешки задачи за дистрибуција и отстранување на отпадот во градовите.

Поврзани вести

Back to top button