fbpx

Renault ZOE или VW e-Golf, кој ќе биде најпродаван електричен автомобил во Германија

CleanTechnica објавија интересни податоци за пазарот на новите PEV електрични возила (plug-in electric vehicle) за територијата на Германија

CleanTechnica во објавените податоци коментираат дека побарувачката на целосно електрични (BEV) модели се зголемило со импресивни 41% од почетокот на годината, додека на PHEV изведбите е намалено за 39%. Според податоците на CleanTechnica за месец ноември, Renault ZOE евидентирало нов рекорт на продажбата со импресивните 1047 нови регистрации.

Renault ZOE

На второ место во ранг листата е VW e-Golf со 858 примероци, а во првата петорка влегуваат исто така BMW 225xe Active Tourer со 456 единици, BMW i3 со 432 и Nissan Leaf со 366 модели. На крајот на првите 11 месеци од 2018 година, лидер кај електричните автомобили во Германија повторно е Renault Zoe со 5416 регистрации и пазарен удел од 9%, а за VW e-Golf се евидентираат 5214 единици, додека на трето место е BMW i3 со 4561 единици.

Во Топ 20 на најпродаваните влегуваат исто така:

МОДЕЛ ПРОДАДЕНИ ПРИМЕРОЦИ
BMW 225xe Active Tourer 4484
Smart Fortwo ED 4016
Kia Soul EV 3141
Smart Forfour ED 2437
Nissan Leaf 2175
VW Passat GTE 2123
VW Golf GTE 1975
Mitsubishi Outlander PHEV 1920
Audi A3 e-Tron 1653
Mercedes E350e 1611
BMW 530e 1521
Hyundai Ioniq Electric 1516
Porsche Panamera PHEV 1514
Mercedes GLC350e 1439
Kia Niro PHEV 1319
Mini Countryman PHEV 1314
Tesla Model S 1185

Од CleanTechnica коментираат исто така, дека побарувачката на Tesla Model X во Германија е намалена за 29% од почетокот на годината, а на Model S се намали за 60%.

Поврзани вести

Back to top button