fbpx

Рендери од новиот Mercedes S-класа

Најновите шпионски слики од автомобилот покажуваат радикална промена во дизајнот на лимузината

Новата Mercedes S-класа активно се тестира на патиштата, а ова видео, дава идеја за дизајнот на следната генерација на предводникот на германскиот бренд. Најновите шпионски слики од автомобилот покажуваат радикална промена во дизајнот на лимузината. Предниот дел на S-класа ќе добие решетка на ладилникот со нов облик, а на задниот дел ќе има спортски светла слични на новите CLS.

Mercedes s-class-2020

Покрај надворешноста, Mercedes-Benz работи напорно и на ентериерот на новата S- класа. На пример, кабината ќе има екран на допир во стилот на Tesla кој ќе ги прикаже сите карактеристики на системот за инфо забава и евентуално ќе ја замени единицата за контрола на климатизацијата.

Mercedes s-class-2020

Се тврди дека новиот Mercedes-Benz S-Class ќе има хибриден 2.9 литарски и 3.0 литарски бензински и дизел мотори со опсег до 100 километри на електричен режим. Автомобилот, исто така, ќе продолжи да биде достапен во S 63 верзијата со 4.0 литарски твин-турбо V8, кој исто така ќе добие и хибридна технологија.

 

Поврзани вести

Back to top button