fbpx

Рестилизираниот Renault Megane доаѓа и во plug-in хибридна верзија

Renault за моделската 2020 година ја обнови и актуелната, четврта генерација на моделот Megane, кој се појави кон крајот на 2015 година

Како што беше и во случајот со рестилизираните верзии на моделите Koleos и Espace, така ниту овој Renault Megane за 2020 година не претрпе поголеми визуелни промени. Сепак, се споменуваат промените на браниците, светлата и предната маска, како и неколку нови бои и дизајни на алуминиумските тркала.

Од измените во внатрешноста треба да се напомене унапредениот Easy Link инфозабавен систем со 9,3-инчен екран на допир, кој за прв пат беше виден кај најновата генерација на Clio, поквалитетни материјали, потоа Apple CarPlay и Android Auto, како и 10,2-инчна дигитална инструмент табла. Тука е и автономниот Motorway and Traffic Assistant систем, како и новите Pure Vision LED предни светла. Покрај хечбек верзијата, во понудата останува и караванот, а подоцна може да се очекува и обновениот Megane GrandCoupe.

Renault Megane

Megane добива хибридна E-Tech варијанта

Вистинска новост претставува и хибридната варијанта Megane E-Tech. Renault Megane E-Tech го следи кросоверот Captur кој го користи истиот систем, а тоа подразбира подразбира комбинација на 1,6-литарски бензинец, електромотор и литиум-јонска батерија, при што комбинираната сила изнесува 160 КС. Автомобилот има 9,8 kWh, 400V батерија која дозволува возилото да се движи само на струја околу 60 километри, со максимална брзина од 135 километри на час.

Renault Megane

Renault исто така имплементираше и повисоко ниво на полуавтономни системи. Level 2 self-drive технологијата ќе му овозможи на новиот Megane да забрзува, сопира и управува во кратки временски периоди со минимален труд од страна на возачот.

Освен тоа, обновен е и спортскиот Megane RS кој ќе располага единствено со 296 КС и 400 Nm максимален вртежен момент, со што моделот со 276 КС нема да биде во понудата, а силата ќе се пренесува со шестстепен мануелен менувач, додека автоматскиот менувач со двојна спојка добива 10 Nm повеќе од претходно.

Повеќе детали треба да бидат објавени во следниот период, а треба да се напомене и дека обновениот Megane ќе можат да го видат и посетителите на престојниот саем на автомобили во Женева.

Поврзани вести

Back to top button