Рестилизираниот Volkswagen Arteon уловен речиси без камуфлажа
Моделот Arteon пред повеќе од три години ја забележа својата премиера, а наскоро се очекува и освежената верзија на оваа лимузина на Volkswagen
Volkswagen не успеа да го достигне нивото на Passat CC со неговиот наследник Arteon, но и покрај тоа овој модел успеа да забележи добри продажни резултати. Во меѓувреме најавена е и нова, караванска варијанта и претставувањето ќе се случи паралелно со премиерата на освежениот „лифтбек“ Arteon кој веќе се тестира на европските патишта, а еден прототип беше уловен на шпиунски фотографии.
Судејќи по она што може да се види на фотографиите, впечатливо е благо преобликуваната маска на ладилникот, додека упанредени се и другите пластични делови на каросеријата како и графиката на задните сигнални групи, иако токму во таа зона е поставена маскирна лента. Фотографиите откриваат дека називот на моделот, односно написот Arteon сега е поголем.
Тестниот примерок користи фелни изработени од лесна легура, релативно мал пречник со скромни отвори за циркулација на воздух на браникот, а тука се и уште некои детали кои истакнуваат дека „уловената“ варијанта на Arteon е од влезната понуда.
Од друга страна, јасно е дека автомобилот опремен со R-Line пакетот на опременост ќе делува многу поимпресивно. Треба да се истакне и дека гамата ќе ја збогати и plug-in хибридната верзија, додека најпрестижниот модел во понудата ќе биде Volkswagen Arteon R со погон на сите четири тркала.
Иако од Volkswagen се уште нема најави за тоа кога би можела да се случи премиерата, а со тоа и стартот на продажбата, релано е да се претпостави дека двата настани ќе се случат во вториот дел од оваа година.