Рeugeot со линија на патнички аксесоари со акценти од Alcantara
Рeugeot лансира нова линија патни торби и додатоци, каде главен акцент при декорацијата се поставени детали од Alcantara и со дизајн инспириран од ентериерот на целосно новата генерација на моделот 508
Новиот стилски предлог на Рeugeot вклучува осум нови парчиња, вклучувајќи патна торба со тркалца, удобна торба за лаптоп, чанта, минималистичко портмоне за картици, приврзок и друго. Дизајнерите на Peugeot Design Lab создадоа посебна линија екслузивно за новото Peugeot 508, а во дизајнот се рефлектирани детали од GT и GT Line на возилото, во која се комбинирани кожа и Alcantara.