fbpx

Ридска трка Водно 2

Викендов на падините на Водно се одржа и втората трка која официјално беше насловена „Водно 13ти Ноември Ослободување на Град Скопје“

Под организација на АКК Скопје, на ридската патека на Водно се одржа последната трка од државниот шампионат на Македонија во автомобилизам на ридски патеки.

На оваа трка учествуваа 54 натпреварувачи, меѓу кои се наоѓа и шест натпреварувачи од Србија, Бугарија и Косово.Саботата беше резервирана за тренинзи кои поминаа прилично безбедно и во добар ред, со само неколку удари и едно превртување на Ванчо Мижвоски кој помина без повреди.

водно

Неделата како ден за трка, беше означена со неколку излетувања и прекини кои предизвикаа одложување на програмата, поради што организаторот беше приморан да го откаже второто возење.

Првото излетување се случи на свиокот „Видиковец“, каде Коста Николовски со неговиот Peugeot 106 поради лоша проценка и голема брзина, излета од патот.

Второто излетување беше главната причина за одложувањето на програмата, каде Слободан Трајковски уште на самиот почеток излета од патот при што удри во гледач. Поради ова, мораше да биде повикана увидна полициска служба, со што се предизвика прекин од речиси два часа. За среќа, гледачот помина без сериозни повреди.

водно

По завршувањето на првото возење, на денот полека му дојде крај, па така поради услови на ладен асфалт, од безбедносни причини беше откажано второто возење.

Најбрз беше Игор Стефановски – Иџе, кој со својот Hyundai I30N TCR успеа да ја извози патеката за рекордно време од 2:06.02. Втората позиција му припадна на Васил Тодоров од Бугарија, кој со постигнатото време од 2:18.52 беше за само 24 стотинки побрз од Димитриј Кимовски, кој се најде на третата позиција. На четвротото место беше Даниел Блажевски, додека на петтото се најде Давид Малинковски.

водно

Во продолжение може да ги погледнете останатите резултати, како и дел од атмосферата на Средно Водно.

Поврзани вести

Back to top button