fbpx

Rimac го презема Bugatti, Porsche со клучна улога во новиот ентитет

По месеци и месеци шпекулации и гласини, Rimac и официјално ќе го преземе Bugatti, а притоа се прават и неколку промени во хрватскиот производител

Хрватскиот производител на електрични хиперавтомобили го презема Bugatti, а како дел до договорот, ќе се формира нова заедничка компанија наречена Bugatti-Rimac. Компанијата ќе биде базирана во главниот град на Хрватска, Загреб, а ќе се оформи во последниот квартал од годинава.

Додека договорот се чека да биде одобрен од повеќе власти за заштита од конкуренција, Rimac ќе ја има власта во Bugatti-Rimac со 55 проценти удел во новиот ентитет. Porsche ќе ги има преостанатите 45 проценти, но треба да се истакне и дека компанијата поседува 24 проценти од Rimac.

На почетокот работите нема драстично да се променат бидејќи Bugatti ќе продолжи да го произведува Chiron, додека Rimac ќе го лансира моделот Nevera. Сепак, „заеднички развиените Bugatti модели се планирани на долги патеки. Исто така, производството на Bugatti автомобилите, и покрај тоа што седиштето на компанијата ќе се пресели во Загреб, и понатаму ќе се одвива во Молсхајм Франција.

Реструктуирање на Rimac

Мора да се напомене и тоа дека Rimac ќе се подели во две компании кои ќе функционираат под капата на Rimac Group, а покрај Bugatti-Rimac, втората компанија е Rimac Technology. Мате Римац ќе биде извршен директор, а покрај ова, тој ги задржува своите 37% удел во Rimac Group која има 100 проценти сопственост над Rimaс Technology, односно 55 проценти во Bugatti-Rimac.

Bugatti Rimac

Клучна улога во сето ова ќе има и Porsche, кој ќе биде стратешки партнер на Bugatti-Rimaс, а извршниот директор на германскиот производител ќе стане член на Надзорниот одбор на новиот ентитет, заедно со Луц Мешке, кој е заменик претседател на Porsche.

„Bugatti и Rimac се совршен спој, а и двата бренда имаат значителен удел во одредени сегменти – се етаблиравме како индустриски пионери за електрична технологија, додека Bugatti има повеќе од еден век искуство во развојот на врвни автомобили и со себе носи една неверојатна традиција која е практично уникатна во историјата на автомобилската индустрија. Заедно ние ќе го споделиме нашето знаење, нашата технологија и нашите ресурси со цел да креираме мошне специјални проекти во иднина“, изјави Мате Римац.

Rimaс Technology ќе го има својот фокус на „развојот, производството и снабдувањето на батериски системи, погони и други ЕВ компоненти за останати автомобилски производители, додека Bugatti-Rimac, логично, ќе биде задолжен за производство на автомобили. Остатокот од сопственичката структура останува речиси ист, со тоа што Porsche има 24 проценти удел во Rimac Group, односно 45 проценти во Bugatti-Rimaс, Hyundai ги задржува своите 12 проценти во Rimac Group, а 27 отсто остануваат на останатите инвеститори.

Поврзани вести

Back to top button