Rimac вреди 580 милиони евра
По одлуката на Hyundai и Kia да инвестираат во Rimac, Мате Римац стана најбогатиот човек во Хрватска
Тој е сопственик на 47,7 проценти од компанијата, кинеската компанија Kamel Group поседува 14 проценти, Hyundai 11 проценти, Porsche 10, Kia 2,7, а остатокот е во сопственост на досегашните инвеститори во компанијата. Според економистот Ивица Бркљај, кој воден од износот кој Hyundai го плати за 13,7 проценти од компанијата, пресмета дека Rimac во моментов вреди 4,3 милијарди куни или околу 580 милиони евра.
Чисто за споредба истиот економист со цел да ја докаже висината на оваа бројка, на својот Facebook профил посочи дека пазарната капитализација на најголемата хрватска туристичка компанија Valamar, на берза изнесува 5,1 милијарди куни. Rimac Automobiles е основана во 2009 година од Мате Римац, кој тогаш имал само 21 година.