fbpx

Rimac започна со тестови на aвтономен автомобил со “Research Vehicle”

Хрватскиот произведувач на електрични мотори Rimac објави видео кое означува старт на серија тестови на сопствен автономен систем. Експерименталниот автомобил без возач од видеото е изграден врз основа на Renault Grand Scenic и е дел од автономната флота.

Rimac тест-возилата се опремени со платформа за вештачка интелигенција. Експерименталните возила ќе помогнат на инженерите да ја следат работата на алгоритмите на автопилот. Собираат податоци за оптимизирање на системот и од функцијата „виртуелен инструктор”, кој потоа ќе станат дел од патната електроника на електричниот хипер модел C_Two.

Претставено во видеото беспилотно возило располага со осум камери, шест радари, 12 ултразвучни сензори, инерциален мерач и прецизни GPS приемници. За еден час работа автоматски собира шест терабајти податоци кои ќе се користат за понатамошно истражување. Односно, се користат за изготвување на модел на перцепција на објектите од планираната  маршрутата и мониторинг на состојбата на возачот.

 

https://www.facebook.com/RimacAutomobili/videos/2200835979929924/

Поврзани вести

Back to top button