fbpx

RML го оживеа Ferrari 250 GT SWB како модерен автомобил

Компанијата RML работи на Ferrari 250 рестомод веќе неколку години и се чини дека нивната напорна работа и тоа како се исплати

Моделите од 250 серијата беа едни од најуспешните производи на Ferrari во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Вкупно 250 патнички автомобили беа произведени меѓу 1952 и 1964 година и некои од нив се продадени за рекордна сума на пари на аукции изминатите години. Тие се вистинска реткост, но конечно има решение за оние кои сакаат да си набават 250 GT RWB, иако не доаѓа од Ferrari.

RML е еден од водечките високо перформансни автомобилски инженерски компании во светот и е лоцирана во Велика Британија. Еден од нивните најнови проекти е таканаречен Short Wheelbase кој всушност е модернизирана верзија на 250 GT SWB. Всушност, тој е многу повеќе од тоа, бидејќи покрај оригиналната платформа, возилото не споделува речиси ништо со реткиот модел на Ferrari.

RML Short Wheelbase Ferrari GT 250 SWB

Врвна изработка со модерен нагласок

Моделот добива епитет на „епски GT автомобил“ кој оддава почит на „златното доба на автомобилите“, а притоа нуди комфорт и сигурност на модел достоен на 21 век. Инаку, базиран на Ferrari 550 Maranello, Short Wheelbase има карбонска композитна каросерија со меки облини и течни површини. Предниот дел е инспириран од 250 серијата на италијанската марка која се одликува со класичната решетка и кружни светлечки единици. Short Wheelbase е поставен на ретро 18-инчни тркала кои се дизајнирани од страна на RML и се обложени со Pirelli P-Zero Rosso пневматици.

Компанијата овозможи само мал увид во ентериерот, но таму е применета „мантра без пластика“, што значи дека се што можете да видите и допрете во кабината е или машински обработен алуминиум, стакло или кожа“. Дизајнот е инспириран од Ferrari 250, но има свои индивидуални карактеристики кои го прават да биде помодерен.

Дизајнерскиот шеф на RLM, Џонатан Боуен, вели: „Ќе беше многу лесно за нас да заштедиме деситици илјади фунти ако купувавме готови инструменти и контроли, но тие немаше да ги пресретнат нашите високи стандарди. Затоа, секое копче, инструмент или прекинувач кој ќе го најдете во Short Wheelbase е специјално направен и развиен во нашата компанија“.

RML Short Wheelbase Ferrari GT 250 SWB

RML го направи Short Wheelbase со неверојатно внимание на деталите. Дводелната „clamshell“ каросерија е составена со 99 проценти од димензиите со 2,5 милиметри дозволена отстапка. Фарбањето е изведено со слоеви на специјална карбонска примарна боја, регуларна примарна боја и сребрен базичен слој, благодарение на што моделот добива спектакуларен изглед.

5,5-литарски V12 и шестстепен мануелец

Под хаубата се наоѓа унапреден 5,5-литарски V12 мотор кој испорачува 486 КС и 567 Nm максимален вртежен момент. Истиот е поврзан со шестстепен мануелен менувач кој ја испраќа моќноста на задните тркала преку диференцијал со ограничено пролизгување. Перформансните спецификации не се финализирани, но компанијата верува дека автомобилот ќе забрзува од нула до „стотка“ за 4,2 секунди и ќе има максимална брзина од 290 километри на час.

Со оглед на тоа дека моторите не се нови, секој од нив ќе биде отворен и истражен детално со цел да се осигураат дека сите внатрешни компоненти ќе се совпаднат со „оригиналниот опсег на толеранција“ на Ferrari. Моторите по ова одново се склопуваат и валидираат пред да бидат инсталирани во автомобилот.

Покрај гореспоменатите модификации, системот на потпирање е прилагоден за да ги „одразува значителните промени направени во дизајнот на автомобилот“. Конкретно, моделот се одликува со специјални Ohlins амортизери направени по нарачка, како и подебел „анти-рол бар“ и ревидирани спирални пружини.

RML Short Wheelbase Ferrari GT 250 SWB

RML ќе состави само 30 примероци на Short Wheelbase, а за секој од нив е потребно шест месеци за да се направи. Околу 70 проценти од моделите се планирани за извоз надвор од Велика Британија, а секој модел ќе чини 1,62 милиони евра.

Поврзани вести

Back to top button