fbpx

Rolls-Royce потврди дека ќе го користи името Cullinan

Подготовките за првиот SUV на Rolls-Royce „се речиси при крај", соопшти компанијата и потврди дека моделот кој Британците упорно одбиваат да го нарекуваат SUV, ќе се вика Cullinan

На почетокот од Rolls-Royce објаснија дека ова е само „работно име” на проектот, но по се изгледа дека тоа ќе остане и за постојано. Моделот е именуван по дијамант со истото име, откриен во Јужна Африка во јануари 1905. Ова било светско чудо, тоа е најголемиот непреработен дијамант, со тежина е 3106,75 карати. Дијамантот е именуван по шефот на рудникот каде бил откриен – Томас Кулинан.

Пред официјалната премиера на Culinan, возилото ќе биде претставено на повеќемина лојални клиенти на Rolls-Royce, на неколку затворени собири, без надворешни посетители. Најверојатно светското претставување на моделот ќе биде во текот на летото, според Automotive News.

Се претпоставува дека SUV моделот ќе добие истиот 6,75-литарски V12 мотор кој ги придвижува и Phantom VIII и ќе има амбиција да е најлуксузниот автомобил во својот сегмент. Се уште нема податоци за тоа како ќе се одредува цената на Cullinan, но со оглед дека споменатиот Phantom стартува од 450.000 долари во САД, тогаш нема сомнение дека новиот модел на Rolls-Royce ќе го добие епитетот – најскап сериски автомобил.

Поврзани вести

Back to top button