fbpx

Cullinan на Rolls-Royce станува такси на Алпите

Богатите посетители на француското ски одморалиште ќе се радуваат на специјално такси што ќе може да ги носи директно до патеките. Ова станува возможно благодарение на новата „социјална пристапна точка“ на британскиот производител на автомобили Rolls-Royce.

Во ски сезоната 2018/19 година новиот теренец Cullinan ќе „работи“ во одморалиштето Куршевел, каде што ќе се користи за транспорт на гостите на хотелот Les Airelles до падините и обратно. Резиденцијата во стил на замок, која нуди соби за 9.240 долари на вечер, е еден од најдобрите луксузни ски хотели на Алпите. Во меѓувреме, од 18-ти февруари до 10-ти март, првиот луксузен SUV на компанијата ќе биде прикажан заедно со кабриолетот Dawn во ексклузивниот туристички хотел Le Lana.

Cullinan

Во обид да се покажат можностите на автомобилите, потенцијалните и сегашните сопственици ќе можат да го доживеат Cullinan како на патот така и офроуд подлогата додека Dawn ќе биде достапен и за патување до други туристички населби. Секоја вечер пак од Rolls-Royce ќе спроведуваат „ексклузивни средби“ за клиентите, за да можат тие да научат повеќе за брендот и нејзините производи, во луксузна атмосфера.

Поврзани вести

Back to top button