fbpx

Rolls Royce го најави Spectre, првиот ЕВ на брендот

Rolls Royce сподели историска најава со јавноста откако со тизери го најави својот прв целосно електричен модел наречен Spectre

Електрината ера е наголемо започната, се повеќе и повеќе производители се фокусираат кон целонсо електричните возила, а некои веќе најавија дека ќе бидат исклучиво електрични брендови. Со мало задоцнување, во ова друштво влегува и британскиот луксузен производител Rolls Royce, кој го најави својот прв целосно електричен автомобил наречен Spectre. ЕВ моделот, кој ги наследува 102EX и 103EX концептните возила, е планирано да се појави на пазарот во 2023 година.

Спротивно на претходните најави и очекувања, дека првиот целосно електричен модел на британската марка ќе споделува компоненти со идните BMW модели, Rolls Royce најави дека ќе користи своја сопствена архитектура за новиот Spectre. Станува збор за алуминиумската платформа која беше претставена со Phantom вом 2017, а која исто така се користи и за Cullinan и Ghost моделите кои користат мотор на внатрешно согорување.

Кога станува збор за Rolls Royce Spectre, сепак, скалабилната рамка е променета со цел да се вметне целосно електричниот погон. Компанијата ги интегрираше своите електрификациски планови во иницијалниот дизајн на платформата, со што сега е полесно истата да се користи за електрични возила.

Rolls Royce Spectre

Но, Rolls Royce не само што го најави Spectre, туку исто така објави и официјални фотографии од камуфлираниот прототип. Силуетата на автомобилот изгледа доста слично со Wraith, со долга хауба, каросериски стил со две врати и опаѓачка покривна линија. Каросеријата ги задржува карактеристичните пропорции на еден Rolls Royce, но е многу помускулеста со нагласени облини и предни крила.

Пристигнува во 2023

Кога станува збор за името, извршниот директор Торстен Милер-Отво изјави дека Spectre обично се нарекуваат „небесни суштества кои се синоними за голема моќ и појава, суштества од алтернативно подрачје кое прават нивното присуство да се чувствува преку минливи манифестации. Спектрата го принудува светот да паузира. Доминира со просторот кој го зазема. Потоа, колку што брзо се појавува, така се распрснува, оставајќи зад себе возбуда, енергија и интриги“.

За време на презентацијата, Милер-Отвос посочи и дека Spectre е првиот и најфиниот суперлуксузен производ од ваков тип и дека ова не е само прототип, туку вистинската работа и дека ќе пристигне во последниот квартал од 2023 година, кога ќе започнат испораките.

Прототипот на Rolls Royce Spectre ќе мине низ 2,5 милиони километри во секакви услови и на сите терени ширум светот, симулирајќи 400 години користење пред моделот да биде испорачан до првите сопственици.

Поврзани вести

Back to top button