fbpx

Рускиот Aurus Komendant откриен на патентните фотографии

Патентните фотографии од Aurus Komendant се објавени од страна на Rospatent со што имаме шанса за прв пат да го видиме луксузниот руски SUV

Руската федерална канцеларија за интелектуална сопственост (Rospatent) ги објави првите фотографии за луксузниот руски SUV Aurus Komendant, a покрај тоа, тука е и се уште неименуваниот ескорт мотоцикл кој исто така е дел од брендот Aurus. Кога станува збор за Komendant, тој изгледа онака како што се очекува.

Класичните масивни спортски SUV пропорции со долга хауба и големи тркала се едни од карактеристиките. На предниот дел доминира големата Aurus решетка која е „обиколена“ со правоаголните предни светла и два големи отвори за воздух во браникот. На задниот дел забележливи се квадратните задни светла, големиот покривен спојлер и двата квадратни завршетоци на издувните цевки интегрирани во браникот.

Aurus Komendant

Aurus Komendant делува навистина елегантно за возило со вакви димензии, но и малку конзервативно. Засега нема патентни фотографии од ентериерот, со исклучок на фотографиите на кој се најде рускиот министер за индустрија и развој, Денис Мантуров, но познато е дека тој ќе има слична внатрешност како Aurus Senat седанот.

Освен внатрешноста, Komendant ќе ја сподели и UMP платформата заедно со знаменосецот, што значи дека овој голем SUV ќе добие хибриден 4,4-литарски V8 бензински мотор со 598 КС и 880 Nm максимален вртежен момент. Деветстепениот автоматски менувач и погонот на сите четири тркала ќе бидат стандардни кога Aurus Komendant ќе се појави на пазарот во 2022 година.

Aurus Komendant

Мотоциклот ќе добие целосно електричен погон

Кога станува збор за мотоциклот, засега нема многу детали. Патентните фотографии покажуваат дека има долго меѓуосовинско растојание, масивна рамка, LED светла и прилагодливо предно заштитно стакло. Првиот прототип на мотоциклот беше прикажан во ноември 2017 година под брендот IZH со бензински boxer мотор со 150 КС и максимална брзина од 250 километри на час. Сепак, треба да се напомене дека министерот Денис Мантуров, истакна дека придружниот мотоцикл ќе добие целосно електричен погон кога ќе се најде во продажба во 2022-2023 година.

Се уште е прашање кога Komendant ќе се појави на пазарот. Лансирањето на новитетот повеќе пати беше одложувано, додека последната најава беше во минатиот декември, кога Мантуров назначи дека стартот на масивното производство нема да почне пред 2022 година. Прв на списокот за производство во фабриката во Јелабугa ќе биде Aurus Senat, а по него ќе следува и луксузниот SUV.

Поврзани вести

Back to top button