fbpx

Царината на Трамп ќе ги запре кинеските автомобили?

Бројот на кинеските автомобилски производители кои се подготвени да се пробијат на американскиот пазар постојано расте, но еланот може да биде сопрен од администрацијата на претседателот на САД, Трамп

Главната пречка се наметнатите давачки од 25% за одредени производи.

Досега продажбата на кинеските автомобили во Америка е скромна. Geely, сопственик на Volvo, започна со увоз на S60 седаните во 2015 година. GM исто така го тестира компактниот кросовер произведен во Кина – Buick Envision и plug-in хибридната верзија на Cadillac CT6. Но, продажбата не е навистина голема: продадени се 4.367 седани во март и 17 хибриди CT6.

кинеските автомобили

– Во моментов овие давачки ќе сопрат секакви планови за увоз на автомобили од Кина во САД, коментира Џеф Шустер, постар заменик претседател на LMC Automotive. – Toa значи враќање на работите на преговарачка маса.

кинеските автомобилиСепак, ова може и воопшто да не се случи, бидејки Кина од своја страна исто така најави наметнување на давачки, 25% на стоки за околу 50 милијарди долари, а тука станува збор за автомобили, хемикалии, соја и авиони.

Сепак, администрацијата на Трамп јасно стави до знаење дека тарифната одлука не е конечна и дека е подготвена да преговара.

Општо мислење, како на аналитичарите, така и на автомобилските компании, е дека воведувањето на овие 25%, како во САД, така и во Кина, нема како да даде позитивен резултат.

Поврзани вести

Back to top button