Американците ги избраа најдобрите мотори на годината
Во традиционалниот избор на WardsAuto годинава нема ниту еден германски мотор, Ford и Honda имаат по два, а Jaguar и Kia за прв пат имаат свои адути во 10 од најдобри мотори во светот
Рангирањето се одвива 24-та година по ред, а агрегатите се поделени во различни категории.
Во октомври и ноември, експертите од публикацијата тестираа 32 аграегати на различни модели, вклучувајќки ги оние со внатрешно согорување и електромотори (и оние со водородни келии). Од нив се избрани најдобрите 10, кои добиваат оценки според повеќе критериуми од кои најважни се теничките карактеристики и нивното однесување при експлоатација.
Најдобрите мотори за 2018 година според WardsAuto:
150-kW Electric (Chevrolet Bolt EV)
3.6L Pentastar DOHC V6/PHEV (Chrysler Pacifica Hybrid)
2.7L Twin Turbo DOHC V6 (Ford F-150)
5.0L DOHC V-8 (Ford Mustang GT)
130-kW Fuel Cell (Honda Clarity)
2.0L VTEC Turbocharged DOHC 4-Cyl. (Honda Civic Type R)
3.0L Turbocharged DOHC V6 (Infiniti Q50)
2.0L Turbocharged DOHC 4Cyl. (Jaguar XF)
3.3L Turbocharged DOHC V6 (Kia Stinger)
2.5L Atkinson DOHC 4-Cyl./HEV (Toyota Camry Hybrid)
Вреди да се забележи дека ниту еден мотор од германски производител не е меѓу победниците. Луксузните брендови се претставени од Jaguar и Infiniti, а меѓу десетте најдобри се два хибриди – Toyota Camry и Chrysler Pacifica, како и два електрични мотори – Chevrolet Bolt и Honda Clarity.