fbpx

Саемот во Женева ќе се одржи и покрај коронавирусот

И покрај најавите за можното одложување или откажување на годинешниот Саем за автомобили во Женева поради епидемијата, потврдено е дека истиот ќе се одржи

Првиот случај на коронавирус регистриран во Швајцарија, како и генералната состојба со епидемијата која владее во северниот дел од Италија на границата со Швајцарија, нема да го запре одржувањето на Саемот за автомобили во Женева. По состаноците кои ги одржа раководството по последните информации на тамошните кантонални здравствени власти, организацијата на настанот не е доведена во прашање, што значи дека Саемот ќе се одржи и во овој момент не е во ризик.

Сепак, тоа не значи дека нема да се преземаат посебни мерки околу настанот. Претседателот на Саемот во Женева Маурис Туретини потврди во изјава за Quattroruote, дека последните случувања придонеле за тоа организацијата да преземе екстремни мерки на претпазливост со цел да се избегне проширување на вирусот. Од Palexpo, местото каде што се одржува настанот, исто така посочија дека се преземаат сите мерки за вработените да ги минат неопходните проверки дека не покажале некакви знаци и симптоми од вирусот 14 дена при пристигнувањето во Швајцарија.

Од организацијата на Саемот во Женева истакнуваат дека се следат насоките дадени од федералната канцеларија за здравство во Швајцарија. Здравствената состојба се следи во директна соработка со швајцарското министерство за здравство и властите во Кантонот Женева, а некои акции веќе се започнати, како што е темелно чистење, дезинфекција на јавните места, како и информативните екрани чувствителни на допир. Вработените во Palexpo се обучени за хигиенски превентивни мерки, додека учесниците постојано ќе бидат потсетувани за неопходните хигиенски правила. За време на настанот, секако, ќе бидат присутни и медицински лица и доктори кои ќе бидат достапни за посетителите.

Поврзани вести

Back to top button